Вардар против добро познат ривал ја почнува одбраната на титулата – Слободен печат
РакометСпорт

Вардар против добро познат ривал ја почнува одбраната на титулата

Европскиот шампион му гостување на Монпелје во првиот натпревар во новата сезона во ракометната ЛШ.

Ракометарите на Вардар денеска (17.30 ч.) со натпреварот на гости кај Монпелје ја започнуваат одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Вардарци во новата сезона влегуваат со нов тренер, Давид Писонеро кој го наследи Роберто Гарсија Парондо, но и без уше неколку ракометари кои беа неизоставен дел од успесите во минатите сезони, во прв ред Игор Карачиќ.

Вардарци повторно и оваа сезона како и во изминатите неколку сезони, ќе играат и против ривалите кои го сакаат нивниот скалп како европски шампиони но и против експертите и медиумите кои не веруваат дека можат повторно да дојдат до фајнал фор завршницата, сега веќе четврта година по ред.

– Сезонава екипата малку се промени, а имаме и некои проблеми со повреди, но ние сме сѐ уште Вардар. Многу од играчите кои во јуни ја освоија титулата сѐ уште се тука. На првиот натпревар сме кај Монпелје, мислам дека добро се подготвивме и тактички и физички и одиме во вистинска борба. Не очекува тежок натпревар, можеби гол – два ќе биде разликата.

Но, што се однесува да ја одбраниме титулата веројантно не сме фаворити, но во последените 6-7 години никогаш фаворитот не ја освоил титулата, што мислам нас ни одговара улогата да напаѓаме од позадина. Ќе одиме натпревар по натпревар, ќе биде долга сезоната и тешко е сега да се каже како ќе биде, но имам доверба во ирачите и мислам дека не очекува убава година во однос на вардаровиот резултат – вели за клупската интернет страница, Сташ Скубе.

Добра вест за Писонеро и неговите ракометари е тоа што Монпелје на денешниот дуел ќе биде ослабен со неиграњето на двајца клучни ракометари, Мохамед Суси, тунискиот репрезентативец и Литванецот Јонас Трухановичиус.

Во минатата сезона, Вардар победи и на двата натпревари против Монпелје во групната фаза, на отворањето на сезоната беше 27:24, додека во Скопје триумфот беше поубедлив 33:27.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close