Вардар против Брест Мешков игра за подобар пласман и полесен противник

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар вечерва (18.45 ч.) со натпреварот против Брест Мешков ги завршуваат настапите во групната фаза во Лигата на шампионите.

Влогот за Вардарци е освојување на што подобра позиција пред осминафиналето, „црвено-црните“ се наоѓаат на седмата позиција во групата А, но триумф над Брест Мешков со разлика од два или повеќе голови, може да ги однесе на барем шестото место. Првиот натпревар кој се играше во Белорусија заврши со триумф на Брест Мешков со 24:22.

– За нас е последен во групната фаза од Лигата на шампионите сезонава. Важен натпревар за нас, и ако се биде според најавите би требало да бидеме на 6. место на табелата и би играле веројатно со Кил. За нас е најважно што треба да ја подигаме формата, да се докажуваме на секој натпревар. Она последното гостување во Украина не бевме на нивото на кое треба да сме. Можеби од објективни причини, бевме без неколкумина, но немаме оправдување. Очекувам во четврток машка и цврста борба што ќе ни даде поголеми шанси. Мешков сезонава го победи ПСЖ, играше нерешено и со Фленсбург. Таму Сташ Скубе е лидер на екипата. Имаат 16 играчи на секоја позиција. Сериозен противник против кого треба сериозно да пристапиме. Оваа сезона ова 6. место би било заслужено, имавме неколку несреќно загубени натпревари, и кога ќе сумираме групна фаза треба да бидеме задоволни и да се спремите за осминафиналето – вели тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне со минута молчење во чест на голманот на Порто, Алфредо Кинтана кој минатата недела почина откако доживеа срцев удар за време на тренингот на својот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот