Вардар пронајде нов голман во Франција!?

фото: твитер

Портнер е најталентираниот швајцарски голман на оваа земја. Ракометните експерти му предвидуваат голема слава, но зачудувачки се наоѓа во тешка ситуација.

Актуелниот бранител на титулата во Лигата на шампионите, Вардар за пет дена ќе ги започне зимските подготовки.

Новиот тренер Стевче Алушовски ќе прозива на 13 јануари, се очекува во преполовен состав македонскиот и европски првак да ги стартува тренинзите за вториот дел од сезоната.

Алушовски ќе работи овој месец со играчите кои нема да настапат на Европското првенство, тие се Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Сташ Скубе, Димитар Димитриоски, Сергеј Горпишин, Дејан Кукуловски, Мартин Карапалевски, Ален Ќосевски, Иван Чупиќ, Жозе Де Толедо и Сикошек Пелко.

На континенталниот собир ќе настапат Дибиров, Атман, Калараш, Горбок и Шишкарев за Русија, Стоилов за Македонија, Кугис и Кристопанс за Летонија.

Надвор од терените е Кристијан Дисингер кој на крајот на месец октомври минатата година направи операција, па првичните прогнози беа дека ќе биде надвор од терените во следните 4-5 месеци.

Во првиот дел од сезоната голманите на Вардар не се покажаа на потребното ниво во мечевите од ЛШ, добија критики од фановите.

Според швајцарскиот веб портал „nzz.ch“, чуварот на мрежата Никола Портнер е загрижен за иднината во францускиот клуб Монпеље непосредно пред ЕП.

Изворот пишува дека Портнер е најталентираниот швајцарски голман на оваа земја. Ракометните експерти му предвидуваат голема слава, но зачудувачки се наоѓа во тешка ситуација.

Не патува со првиот тим на гостинските мечеви, седи на трибините на домашните дуели. Со оглед на конкуренцијата на Шего и Бонефо, настапува за втората екипа во третата француска лига.

Вардар според изворот покажува интерес за неговите услуги, но и бундеслигашите ја следат неговата ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот