Вардар преку Мешков може до огромен скок во ЛШ!
Ретко кога Вардар играл два натпревари за два дена во две различни натпреварувања. Прво играчите на Кокшаров денеска се домаќини на Мешков во ЕХФ Лигата на шампионите (17.00 часот – СЦ „Јане Сандански” – Скопје), а веќе следниот ден (понеделник) во СЕХА Газпром лигата ќе се соочат со српската Војводина (понеделник, 20.15 часот).
Дуелите со Мешков последниве години се класика, со оглед на тоа што меѓусебе екипите играа и во Лигата на шампионите и во СЕХА Газпром лигата.
Сезонава не се во иста група во регионалното натпреварување, па ќе им останат само настапите во елитната европска лига. Таму традицијата е на страната на „црвено-црните“ кои триумфирале на два од четири натпревари, еден завршил нерешено, а една победа имаат Белорусите.
Во рамките од групата „Б“ со евентуални два бода, Вардарци ќе направат голем скок на табелата и би се искачиле на второто место. За денешниот состав поради повреди тренерот Кокшаров нема да може да смета на услугите на двајца играчи, Павел Атман и Сергеј Горпишин.
Вардар: Гедбане, Кугис, Кизиќ, Чупиќ, Дибиров, Димитриоски, Дисингер, Горбок, Калараш, Карапалевски, Кристопанс, Кукуловски, Шишкарев, Сикошек Пелко, Скубе, Стоилов.
Лига на шампиони (група „Б“)
6. коло
Сабота: Порто-Монпелје 23:23, Келце-Веспрем 34:33
Недела: Вардар-Мешков Брест (17.00 часот), Мотор Запорожје-Кил (18.00 часот)
Табела:
1.Кил 9 бодови (-1)
2.Келце 7
3.Монпелје 7
4.Веспрем 6
5.Порто 6
6.Вардар 6 (-1)
7.Мешков Брест 2 (-1)
8.Мотор Запорожје 1 (-1)