Вардар преку домаќинот Брест Мешков ќе атакува на ново финале во СЕХА лигата

Денес стартува завршниот турнир на најдобрите четири екипи од регуларниот дел на сезоната во СЕХА-лигата. Актуелниот првак Вардар ќе се обиде да стигне до ново големо финале и до нов трофеј во ова натпреварување.

Противник на црвено-црните ќе биде домашниот тим на Брест Мешков, екипа која досега се нема радувано на трофејот од СЕХА-лигата. Истиве екипи се сретнаа и во полуфиналето на Ф4 турнирот минатата сезона, кога домаќин беше токму Вардар, дуел кој го доби нашиот шампион, за во големото финале да го совладаме и ППД Загреб. Ова ќе биде нивно 18 меѓусебно соочување во Сеха-Лигата.

Вардар е поуспешен со девет победи, на два пати мечот завршил со нерешен резултат, додека Брест Мешков се радувал на шест натпревари во дуелите со нашиот шампион.

Прочитајте и...  Изненадување, Реал Мадрид сака да го „ограби“ европскиот шампион

Двете екипи изминатиов викенд имаа натпревари во Лигата на Шампионите, па сигурно дека заморот ќе биде присутен и кај двата тима. Брест Мешков не се прослави многу во двомечот со Фленсбург, од кој беше елиминиран со голема разлика, додека Вардар беше супериорен во двомечот со Загреб и обезбеди пласман во следната елиминациска рунда.

Кај двата тима ќе недостасуваат левите бекови, во македонската екипа тоа е Вуко Борозан кој остана во Скопје, додека кај противникот се работи за Александар Шкурински.

Како увертира на овој меч, во првото полуфинале на турнирот ќе се сретнат екипите на Нексе и ППД Загреб. Пренос од вечерашниот натпревар на Вардар кој започнува од 19:00 часот можете да проследите на МРТ-1 и Арена Спорт 4.

Прочитајте и...  Без Борко и Георгиевски против Финска и Швајцарија!

Поврзани вести

Гигс: На првата средба со тренерот добив тупаница во стомак

Слободен печат

Изненадување, Реал Мадрид сака да го „ограби“ европскиот шампион

Слободен печат

Барди: Јас сум Албанец, но со гордост играм за Македонија

Слободен печат

Фановите тераат сеир со Мората по поништените три гола (ФОТО)

Слободен печат

Урнебесен одговор на италијански лекар на коментарот на Роналдо за коронавирусот (ФОТО)

Слободен печат

Почина една од најголемите легенди на Динамо Загреб, Славен Замбата

Слободен печат

Остави Коментар