Вардар пред празни трибини против Пик Сегед и Нексе!

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Одлуката е донесена од Владата која забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Македонија.

Ракометниот клуб на Вардар ќе мора пред празни трибини прво в недела (15. март) од 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански“ да ја одбрани минималната позитива од Хрватска против Нексе (30:31) за пласман на Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата, а потоа и на 22 март (17.00 часот) брка позитивен резултат на првиот меч од осминафиналето во ЛШ против унгарскиот Пик Сегед.

– Ги известуваме сите навивачи и симпатизери на РК Вардар дека во следните 30 денови сите натпревари на кои нашиот клуб е домаќин ќе се играат без присуство на публика – информираат од македонскиот и европски ракометен шампион.

Одлуката е донесена од Владата која забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Македонија, во наредните 30 дена како дел од дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.

Истото се однесува за сениорските екипи и сите екипи во младински категории.

Поради истата мерка нема да имаат тренинзи и натпревари ниту членовите на Ракометната Академија на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот