Вардар повторно доби ракометна лекција од Кил

Европскиот ракометен шампион Вардар со пораз ја започна 2020 година.

Вардарци се поразени во првиот натпревар од 11. коло во ракометната ЛШ, а воедно и прв натпревар во 2020 година, од германскиот Кил со убедливи 34:23.
Овој натпревар воедно беше и деби на клупата на Вардар, за Стевче Алушовски кој го презеде кормилото на европскиот шампион во последниот ден од минатата година.

Германскиот тим пак по втор пат оствари убедлив триумф во дуелите со Вардар, на првиот натпревар кој се играше во Скопје, Кил славеше со 31:20, а тој пораз на Вардар му ја запечати судбината на тренерот Давид Писонеро кој доби отказ.

Кил ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот натпревар, првиот удар Кил го зададе на почетокот кога со серија од 4:0 дојде до водство од 7:3, а потоа предноста се зголеми и до шест гола (13:7). Сепак, благодарение на одбраните на Гедбан, вардарци успеаја да ја намалат негативата и на пауза заминаа со 14:18.

Второто полувреме започна со два гола на Вардар, но тогаш на сцена стапи голманот Никлас Ландин со неговите одбрани и водството на „зебрите“ експресно се зголеми на шест гола разлика (25:19). До крајот на натпреварот ракометарите на Кил успеаја да дојдат и до двоцифрена предност и уште една убедлива победа над европскиот шампион.

Никлас Едберг со осум гола беше најпрецизен кај Кил, додека на голот блескаше Ландин со 15 одбрани, а кај Вардар, Криштопанс даде седум гола, капитенот Стоилов еден помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот