Вардар поразен, титулата во СЕХА за Веспрем

фото: seha-liga/Uros Hocevar/kolektiffimages

Денеска во големото финале на Фајнал-фор турнирот во Задар (Хрватска) македонскиот претставник Вардар 1961 загуби од Веспрем со 27:35 (12:15).

За унгарската екипа ова е трета титула во СЕХА Газпром лигата, а „црвено-црните“ останаа на досегашните пет трофеи.

Кај играчите на тренерот Стевче Алушовски прв стрелец беше Глеб Калараш со шест голови, по два помалку запиша Ловро Јотиќ и Патрик Густав Валчак.

На спротивната страна во тимот на Давид Дејвис се одвои Петар Ненадиќ со пет голови, по четири имаа нашиот репрезентативец Дејан Манасков, Рожерио Мораеш Фереира, Андреас Оливер Нилсон и Мате Лекаи.

Претходно во борбата за третото место Мешков Брест од Белорусија триумфираше над хрватскиот ППД Загреб со 29:24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот