Вардар поразен од „лавовите“ во градското дерби

Македонија ЃП славеше со 2:1 против шампионот Вардар во рамките на шестото коло од Првата фудбалска лига.

Јунак на „лавовите“ во градското дерби со актуелниот шампион беше Калид кој ги постигна двата гола, првиот на самиот почеток од средбата, во втората минута, а вториот во судиското продолжение од првото полувреме.

Стрелец на голот за вардарци беше Стефан Лазаревиќ во 12. минута, но не успеаја да се спасат од пораз. Со трите бода, Македонија ЃП се искачи на четвртото место со освоени 10 бода, додека Вардар остана на осмата позиција со седум освоени бодови.

Во вториот натпревар, Работнички и Стрга ТЛ ги поделија бодовите играјќи 1:1. Резултатот го отворија гостите со голот на Дејан Цветановски 78.минута, но во финишот Работнички израмни со голот на Милош Тошески. Работнички е петтопласиран со девет бодови, а Струга ТЛ има бод помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот