Вардар плови кон Втора лига

фото: ФК Работнички

Екипата на Вардар со една нога се наоѓа во  Втората лига откако денеска загуби во градското дерби против Работнички со 1:3. Опстанокот во Првата лига станува речиси невозможна мисија бидејќи директниот конкурент, екипата на Ренова ја совлада Беласица со 3:1 и им избега на „црвено-црните“ на четири бода.

Вардарци уште во првото полувреме имаа негатива од 0:2 откако Силјановски во 12. и Ѓурѓевиќ во 26. минута погодија за Работнички. Дилемите околу победникот беа решени во 57. минута кога Јевтовски му донесе водство на Работнички од 0:3. Во самиот финиш, Вардар преку Петејчук го постигна почесниот гол.
Екипата на Ренова благодарение на хет-трикот на Ален Јашароски со 3:1 ја совлада веќе отпишаната Беласица.

ФОТО: ФК РАБОТНИЧКИ

Резултати:
Пелистер – А. Пандев 3:1
Ренова – Беласица 3:1
Шкендија – Струга ТЛ 0:2
Шкупи – Македонија ЃП 0:0
Силекс – Борец 1:1
Вардар – Работнички 1:3

Табела: Шкендија 71, Шкупи 57, Македонија ЃП 52, Струга ТЛ 51, Работнички 44, Пелистер 41, Борец 37, Силекс 36, Ренова 35, А. Пандев 35, Вардар 31, Беласица 17.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот