Вардар остана без трите бода против Ренова во 90. минута

фото: Фејсбук/Вардар

Екипата на Ренова благодарение на голот на Ален Јашаровски во 90. минута му ја украде победата на Вардар во 10. коло од Првата фудбалска лига. Вардарци одиграа одличен натпревар, во првиот дел имаа и водство од 3:1, но на крајот натпреварот заврши без победник 3:3. Вардар по само 13. минути игра имаше водство од 2:0 со головите на Мирчевски и Попзлатанов, Селмани намали на 2:1 во 28. минута.

„Црвено-црните“ преку Петковски во 40. минута повторно дојдоа до предност од два гола, но на полувремето се замина со резултат 3:2 и тоа благодарение на голот на Велија во 42. минута. Конечниот резултат го постави Јашаровски во 90. минута и го остави Вардар без победа.
Вардарци по десет кола имаат 12 бода, исто колку и Пелистер и Работнички, додека Ренова е десетта со осум бода.

Работнички успеа да освои бод да тешкото гостување во Тетово кај лидерот Шкендија играјќи 1:1. Домашниот тим поведе со голот на Ибраими во 16. минута, но „романтичарите“ на стартот од вториот дел преку Станковски израмнија и на крајот тоа се покажа како конечен резултат.

Резултати:
Беласица – Борец 2:2
Македонија ЃП – Академија Пандев 3:1
Пелистер – Струга Трим Лум 1:1
Шкендија – Работнички 1:1
Вардар – Ренова 3:3.
Шкупи – Силекс 1:0.

Табела: Шкендија 22 бода, Шкупи 22, Македонија ЃП 19, Борец 16, Струга Трим Лум 15, Силекс 14, Работнички 12, Пелистер 12, Вардар 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 2. зс/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот