Вардар нокаутиран, Шкупи ја запре серијата на Академија Пандев!

Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Денеска се одиграа уште пет натпревари од 26 коло во Првата македонска лига, воглавно доминираа гостите, единствено Силекс ја спаси честа на домаќините.

Вардар го претрпе и четвртиот пораз во низа, на стадионот во Кратово доживеа дебакл откако загуби со 6:0 од екипата на Силекс. Ѓорѓиев запиша хет-трик за кратовци, со погодоци во 62, 71 и 83 минута, а истото го направи и Ристов со голови во третата, 19 и 53 минута од средбата.

Шкендија направи уште еден чекор на патот кон титулата, овојпат во тетовското дерби славеше против Ренова. Немаше голови во првото полувреме, но затоа во второто Ибраими (51`), Игор (75`) и Елези (90+1`) ги обезбедија бодовите за составот на Ѓока.

Македонија ЃП триумфираше против Беласица во Струмица на стадионот „Младост“, стрелаа да Силва (44`) и Чарлестон (84`), а Струга Трим Лум со голот на Мециновиќ (48`) забележа минимална победа над Борец во Велес.

И на последниот дуел Шкупи со 0:1 триумфираше против Академија Пандев. Единствениот гол за клубот од Чаир го реализираше интернационалецот од Сенегал, Диак во 78 минута.

На тој начин запрена е серијата на „пандевци“ кои во шампионатот не знаеја за пораз шест натпревари по ред, вкупно седум доколку го броиме и триумфот во купот пред пет дена.

Во саботата Работнички со 3:1 успеа на домашен терен да го совлада битолски Пелистер. Еве како изгледа табела после 25 одиграни кола: Шкендија 59 бодови, Шкупи 49, Македонија ЃП 44, Струга Трим Лум 40, Работнички 39, Борец 33, Пелистер 32, Академија Пандев 31, Силекс 29, Ренова 27, Вардар 27, Беласица 14.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот