Вардар на врвот, Аврамовски го реши градското дерби!

fkvardar.mk

Со головите на Даниел Аврамовски „црвено-црните“ застанаа на лидерската позиција на табелата во најсилниот македонски фудбалски шампионат. Ова беше нова победа на Вардарци, по онаа против Борец во средата, а „романтичарите“ го претрпија и третиот пораз во низа за останување на последната позиција во генералниот пласман.

Во првиот дел Вардар можеше да жали што не водеше најмалку со еден гол разлика. По првите 45. минути имаше четири супер шанси за погодок, но Колевски во два обиди беше неуспешен, а исто така и Аврамовски. Можеше и Работнички да води, со супер можност на младиот напаѓач Тошевски, но промаши зицер за гол. Со резултат 0:0 се заврши првиот дел.

Во второто полувреме, Вардар продолжи со иницијативата и бараше гол за предност, сиот налет се исплати во 76. минута.

Цветаноски беше фаулиран на 18 метри од голот на домаќинот. Аврамовски ја зеде топката, биеше директно, таа се одби од еден противнички играч и заврши зад грбот на голманот на домаќинот за водство на фудбалерите на Васоски.

Во самиот финиш беше поставен конечниот епилог, од контра Аврамовски во 93 минута рутински излезе сам пред Шишковски, биеше одлично за нов негов гол и печат на победата од 0:2.

Другите четири натпревари од 12. коло се играат в недела. Двојки (13.30 часот)

Борец – Академија Пандев
Македонија ЃП – Шкендија
Ренова – Шкупи
Силекс – Струга ТЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот