Вардар на третата позиција, зад Црвена Звезда и Динамо Загреб!

twitter.com/FKVardar

Македонскиот фудбалски клуб на Вардар успешно чекори во досегашниот дел од Првата македонска фудбалска лига, на врвот со 30 бодови после 14 одиграни кола, пред ФК Академија Пандев (26), Шкендија и Силекс по 21…

Според успешност на екс-ју просторите Вардар се наоѓа на третото место, а на врвот на оваа листа е Црвена Звезда од Србија.

Белградските „црвено-бели“ од 15 натпревари имаат 13 победи, по едно реми и пораз со 40 бодови.

Воедно Црвена Звезда може да се гордее со фактот што по процентот на успешност од 89% се наоѓа во Топ 10 клубови на сите лиги во Европа.

Топ 10 Европа:

1. Шахтјор (Украина) 14, 13-1-0 (40:6) 40 – 95%
2. Ливерпул (Англија) 12, 11-1-0 (28:10) 34 – 94%
3. Славија Прага (Чешка) 16, 14-2-0 (36:3) 44 – 92%
4. Бенфика (Португалија) 11, 10-0-1 (25:4) 30 – 91%
5. Салцбург (Австрија) 14, 12-2-0 (56:12) 38 – 90%
5. Судува (Литванија) 31, 28-0-3 (92:18) 84 – 90%
5. Ајакс (Холандија) 13, 11-2-0 (43:9) 35 – 90%
5. Порто (Португалија) 11, 9-1-1 (22:5) 30 – 90%
9. Црвена Звезда (Србија) 15, 13-1-1 (34:11) 40 – 89%
– Јувентус (Италија) 12, 10-2-0 (20:9) 32 – 89%

Екс-Ју:

1. Црвена Звезда (Србија) 15, 13-1-1 (34:11) 40 бодови – 89%
2. Динамо Загреб (Хрватска) 14, 11-1-2 (28:6) 34 бодови – 81%
3. Вардар (Македонија) 14, 9-3-2 (20:6) 30 бодови – 71%
3. Олимпија (Словенија) 17, 11-3-3 (42:21) 36 бодови – 71%
5. Сутјеска (Црна Гора) 15, 9-4-2 (33:12) 31 бод – 69%
6. Железничар (БиХ) 16, 9-5-2 (35:16) 32 бодови – 66%

До крајот на есенскиот дел во нашето првенство, лидерот Вардар го очекуваат уште четири кола, дома против Шкупи, па на гости кај Силекс и Академија Пандев, а на 8 декември е пресметката пред своите навивачи против Шкендија.

Интересно е тоа што цела Европа до оваа репрезентативна пауза останаа 16 непоразени екипи. Израелскиот Макаби од Тел Авив на 10 натпревари во шампионатот не примил гол, забележа осум победи (двапати ремизираше) со гол-разлика 16:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот