Вардар меле се пред себе, ја прекина серијата без пораз на Борец

фото: фк вардар

Лидерот во фудбалскиот шампионат запиша уште една победа, со која се зацврсти на првото место на табелата. Пред „црвено-црните“ падна екипата на Борец Велес која по година и половина за прв пат загуби на домашен терен.

Голот вреден три бода и 11 бодови предност пред второпласираната Шкендија, го постигна Даниел Аврамовски во 33. минута.

На голот претходеше акција од Али Адем кој го проигра Цветановски, тој пак го измами противничкиот голман и шутираше кон голот, но во последен момент со лизгачки старт беше спречен погодок. Сепак, на одбиената топка натрча Даниел Аврамовски и успеа да ја затресе мрежата на велешкиот состав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот