Вардар ќе организира фан зона пред натпреварот со Веспрем

Пред утрешниот натпревар од осминафиналето од ракометната Лига на шампиони помеѓу Вардар и Веспрем, управата на „црвено-црните“ ќе организира фан зона за сите навивачи.
Фан зоната ќе биде во задниот дел од салата кај тениските терени и ќе биде отворена од 16 часот па се до почетокот на натпреварот кој е закажан за 18.45 часот.
Посетителите ќе бидат забавувани од ди-џеј, а притоа ќе можат да се фотографираат и со маскотите на „црвено-црните“.
Видео на денот