Вардар ќе тестира против Црвена звезда и Динамо Киев!

фото: вардар фанс

Заврши есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2019/2020, но веќе започнаа најавите за пролетниот дел од шампионатот за фудбалските екипи ширум Европа.

Црвена звезда официјално своите зимски подготовки ќе ги започне на 10 јануари 2020 година кога играчите предводени од новиот тренер Дејан Станковиќ ќе го имаат првиот тренинг.

Како што најавуваат белградските „црвено-бели“, подготовките ќе ги водат во две фази, воедно ги објавија и своите пријателски натпревари преку кои ќе ја темпираат формата за вториот дел од сезоната.

Црвена звезда најави дека во Анталија ќе одигра контролен меч против есенскиот шампион од Првата македонска фудбалска лига, Вардар.

Дуелот ќе се одигра на 29 јануари, а српскиот шампион планира контролки на терените во Турција уште против полската Арка Гдиња, бугарскиот Лудогорец, словенечкиот Целје, словачката Дунајска Стреда и Актобе од Казахстан.

Исто така Вардарци ќе имаат уште еден силен тест, на 23 јануари против Динамо Киев.

Се очекува пред новата година и официјално да биде познат распоредот на сите пријателски мечеви кои што ќе ги имаат фудбалерите на тренерот Александар Васоски, како и официјалниот датум на заминување на екипата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот