Вардар ќе „пресуши“, седум ракометари си заминуваат

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Ракометарите уште на денешните приеми кај официјалните лица на државните институции и Градот ќе бидат во полн состав, а потоа започнува егзодусот на вардарци. Поради финансиските проблеми со кои се соочуваа „црвено-црните“ и априлското соопштение на сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко дека нема да го финансира клубот во иднина, ракометарите добија бланко исписници и беа слободни во потрагата по нови клубови за наредната сезона.

Добар дел од ракометарите кои минатиот викенд ја освоија втората европска титула веќе си најдоа ангажман, додека во клубот има молк за евентуалните засилувања.

На вчерашната прослава на плоштадот „Македонија“ не беше присутен пикерот Рожерио Мораеш кој од следната сезона ќе го носи дресот на најмалерозниот тим во Европа, Веспрем. Унгарскиот тим во неделата го претрпе четвртиот пораз во финалните натпревари, е се надеваат дека со ангажманот на Мораеш конечно ќе им се насмевне среќата. Џинот Даинис Криштопанс ќе биде нова ѕвезда на францускиот ПСЖ кој го предводи поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Раул Гонзалез.

Ракометарот кој беше прогласен за најдобар на фајнал фор турнирот е еден од милениците на навивачите, Игор Карачиќ по седгодишен престој во Скопје се сели во полскиот Кјелце.
Младиот голман Дејан Милосављев пред стартот на турнирот во Келн потпиша договор со германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин.

„Мозокот“ на Вардар, тренерот Роберто Гарсија Парондо е нов селектор на Египет.
Последен „настап“ пред навивачите на Вардар вчера вечерта имаа и Дмитри Кисељов кој се враќа во Русија и тоа во Чеховски медведи, а специјалистот за одбрана, Глеб Каракаш кариерата ќе ја продолжи во Мотор Запорожје. Исписницата од Вардар си ја зема и Јања Војводиќ кој сè уште нема најдено ангажман за наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот