Вардар ја „лови“ и првата светска титула

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Вардар како актуелен шампион на Европа и Барселона како минатогодишен освојувач на овој турнир се единствените европски екипи кои ќе играат на ова натпреварување.

Другите тимови се шампионите на своите континенти. Замалек од Египет ја претставува Африка, Ал-Духаи од Катар е тимот кој ќе игра за Азија, додека Универзитетот Сиднеј од Австралија е претставник и на овој континент.

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

И Северна Америка има свој тим во Њујорк Сити од САД, додека Јужна Америка ќе има свој претставник во Таубате од Бразил.

Ова натпреварување ќе се одигра во периодот од 26.08-01.09 кога ќе биде познат победникот, а реално е во големото финале да играат екипите на Вардар и Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот