Вардар ја доби и втората битка сезонава против Еурофарм Пелистер

фото: RK Vardar 1961

По триумфот во Суперкупот на Македонија, ракометарите на Вардар 1961 сезонава повторно го совладаа нивниот најголем ривал Еурофарм Пелистер овојпат во домашната Суперлига со 30:25.

Во текот на првото полувреме Вардар пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански“ имаше предност од пет голови разлика (6:1, 8:3), а по првиот дел водеше со 15:12.

Домаќините продолжија со истото добро темпо и во второто полувреме, стигнаа и до шест голови предност (19:13) по 36 минути игра. Битолчани во следниот период успеаја да анулираат пола од својата негатива за 21:18, нешто подоцна беше и 23:20. Во последните 10 минути Вардар не дозволи противникот да направи целосен пресврт и до крајот на мечот го задржа своето водство.

Во победничките редови по шест голови имаат Јасухира и Срдановиќ, а значаен придонес имаше и голманот Томовски со 15 одбрани. На спротивната страна шест погодоци запиша Борзаш, а по пет Кузманоски и Костески.

За актуелниот првак Еурофарм Пелистер ова беше прв меч сезонава во првенството, а скопските „црвено-црни“ веќе имаат „два од два“ во шампионатот.

Моментно во групата „Б“ на табелата по шест бодови имаат Тинекс Пролет, Вардар 1961 и Голден Арт три Прилеп, а ниту еден Мулти Есенс, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер и Вардар Неготино.

Вардаровите ѕвезди Борко Ристовски и Стојанче Стоилов ја завршија кариерата

РК Алкалоид подобар и од Охрид, втора победа за вицешампионот во Суперлигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот