Вардар извлече бод, тетовското дерби без голови

Фото: ФК Шкендија

Фудбалерите на Вардар одиграа 1:1 против Струга Трим Лум, додека Шкендија и Ренова во дербито под Шара одиграа без голови.

Јунак на Вардар е Филип Петковски кој во 75. минута успеа да постигне гол со кој „црвено-црните“ освоија бод во битката за опстанок во Првата фудбалска лига. Претходно Струга ТЛ поведе во 20. минута со голот на Ристевски од пенал. Вардар сега има 27. бода за деветто место на табелата.
Лидерот на табелата, Шкендија одигра 0:0 во против Ренова, а без голови заврши и натпреварот во Струмица помеѓу Беласица и Академија Пандев.
Работнички успеа да го совлада Шкупи и тоа како гостин со голови кои ги постигна во воведните минути од натпреварот. Стојковски уште во првата минува ја искористи кардиналната грешка на домашниот голман Наумовски, додека Прелчец во деветтата минута погоди за 0:2, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Резултати:
22. Коло
Шкендија – Ренова 0:0
Вардар – Струга ТЛ 1:1
Пелистер – Борец 1:0
Беласица – Академија Пандев 0:0
Шкупи – Работнички 0:2
Вчера играа
Македонија ЃП – Силекс 1:0

ТАБЕЛА: Шкендија 47, Шкупи 40, Македонија ЃП 38, Струга ТЛ 33, Работнички 32, Борец 29, Пелистер 28, Вардар 27, Силекс 23, Ренова 23, А. Пандев 22, Беласица 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот