Вардар и во новиот систем би учествувал во ЛШ

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Вардар веќе е насочен кон наредната сезона каде што ќе се обиде да ја одбрани титулата во најелитното европско клупско натпреварување.

Според сите наведени принципи, Вардар и во новиот систем на натпреварување би имал сигурно учество во ЛШ.

Во новиот формат ќе се натпреваруваат вкупно 16 екипи, а учество ќе имаат шампионските екипи кои доаѓаат од земјите кои се во ТОП-9 најдобри ракометни репрезентации.

На овој начин ќе имаме девет екипи, додека десеттиот учесник ќе доаѓа од земјата која во последните три години освоила најмногу трофеи во Европските натпреварувања.

За останатите шест места ќе одлучува комисијата на ЕХФ, според пет критериуми на листа. Тука спаѓаат сали, ТВ-права, гледачи, резултати во изминатите години во натпреварувањата на ЕХФ и менаџментот на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот