Вардар и Шкендија по продолжување на победничката серија

vardarfans.mk

„Црвено-црните“ од Скопје и од Тетово се надеваат дека денеска ќе ја продолжат победничката серија во првата фудбалска лига. Вардар го пречекува тимот на Силекс кој лошо ја започна сезоната и се наоѓа на претпоследното место на табелата со шест бодови.

Од друга страна, Вардар е во серија од четири победи во низа со кои се искачи на второто место на табелата.

По катастрофалниот старт кој донесе промена на тренерската клупа, Шкендија врза две победи по ред и пред своите гледачи против Струга Трим-Лум ќе се обиде да дојде до третиот триумф со кој се надева дека ќе фати приклучок кон врвот на табелата.

Лидерот по шесте кола, Академија Пандев е единствениот тим кој не е поразен и пред своите гледачи го пречекува   Шкупи. „Пандевци“ ќе атакуваат на трите бодови за задржување на лидерската позиција , додека тимот на Шкупи се надева оти новиот тренер Ќатип Османи ќе има успешно деби.

На натпреварот во Ѓорче Петров, пак, Македонија ЃП ќе се обиде да се врати повторно на позитивните резултати по претходниот пораз од Работнички. „Лавовите“ ја пречекуваат Ренова која ќе бара излез од кризата во која западна со три едноподруго порази.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (15:30 ч.)

Македонија ЃП – Ренова (15 ч.)
Вардар – Силекс
Академија Пандев – Шкупи
Шкендија – СТруга ТЛ
ВЧЕРА
Борец – Работнички 1:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот