Вардар и Шкендија на поправен

фото: фк академија пандев

Шампионот Шкендија и вицешампионот Вардар со порази ја стартуваа новата сезона во Првата лига. Шкендија загуби на  гостувањето кај Академија Пандев, додека Вардар беше непријатно изненаден на домашен терен од Македонија ЃП.

Фаворитите денеска им гостуваат на Силекс, односно Борец Велес што претставува можност да се поправи впечатокот од првото коло. И двете екипи влегуваат како фаворити во овие натпревари, но останува фаворитската улога да ја оправдааат и на теренот.

Дерби натпреварот на второто коло ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, каде Македонија ќе ја пречека Академија Пандев.
Во последниот натпревар, Ренова е домаќин на Струга Трим Лум.

Двојки за второ коло (17 ч.)
Силекс – Шкендија
Борец – Вардар
Македонија ЃП – Академија Пандев
Ренова – Струга Трим Лум
Работнички – Шкупи 2:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот