Вардар го реши Силекс за прво место на табелата

фото: facebook/fkvardar

Вардар релативно лесно со убедливи (3:0) го победи некогашниот голем ривал Силекс и се искачи на првата позиција на табелата во Првата фудбалска лига, откако го искористи ремито на Академија Пандев со Шкупи.

Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме, во кое „црвено-црните“ ги постигнаа сите три гола.  Реис Јуниор го отвори резултатот со голот во 22. минута, а во финишот на полувремето, Даниел Аврамовски во 38.минута зголеми на 2:0, а Дарко Мицевски од пенал во 43. минута го постави конечниот резултат.

Шампионот Шкендија дефинитивно излезе од кризата која ја зафати на стартот од сезоната и дојде до третата победа во низа. Последна жртва на Шкендија е Струга Трим Лум која е совладана со 2:0 благодарение на головите на Марјан Радески во 9. минута и на Бесарт Ибраими во 59.минута.

Академија Пандев му го препушти врвот на табелата на Вардар откако не успеа да го победи Шкупи, додека Ренова со голот на Илирид Адеми во 50. минута славеше на гостувањето кај Македонија ЃП.

РЕЗУЛТАТИ, 7. КОЛО:
Вардар – илекс 3:0
Шкендија – Струга ТЛ 2:0
Академија Пандев – Шкупи 0:0
Македонија ЃП – Ренова 0:1
Борец – Работнички 1:1

Табела: Вардар 16, Академија Пандев 15, Македонија ЃП 11, Шкендија 10, Ренова 10, Шкупи 9, Струга ТЛ 8, Работнички 7, Силекс 6, Борец 5.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот