Вардар го брка 4.000 гол во Лигата на шампионите!

фото: вардарфанс

Овојпат на дуел од ЛШ против тимот од Запорожје, в недела од 17.00 часот по македонско време ќе се игра мечот од „Б“ групата, а „црвено-црните” патуваат со максимален број бодови.

Македонскиот, регионален и европски шампион го очекува постигнувањето на 4.000 гол во групната фаза од ЛШ со што би бил 12 тим кому тоа му успеало досега. Досега има постигнато 3.989 голови, заминува во Украина со серија од пет победи по ред, од што и две во ЛШ.

За разлика од првиот меч со Мотор што беше на самиот почеток на сезоната сега одат со цел да ја продолжат победничката серија. На тој меч имаа можност барем да извлечат реми, но не реализираа пенал во последните секунди.

– Секако дека натпреварот ќе биде различен. Тој на почетокот на септември беше веднаш по настапот на Супер Глоуб, а сега веќе зад себе имаме повеќе дуели, формата се подобрува. Мотор покажа дека е добар тим и сигурно повторно ќе ни биде тешко да играме. Но, сега има разлика, ова е средба од лигата на шампионите, ние сме целосно фокусирани на натпреварите и така и ќе настапиме и сега – вели Давид Писонеро, тренерот на Вардар.

Патувањето во Украина ќе биде „врзано” со гостување потоа во Словачка, каде што во рамките од СЕХА ќе го одиграат и гостинскиот меч со Татран Прешов. Тој меч е закажан за 1 октомври. Вардар од Украина директно патува во Словачка, а потоа се враќа дома.

На овие два гостувања Вардар ќе патуваат 18 ракометари. Оние што и досега се бореа за место во тимот. Разлика во однос на првиот меч со Мотор е што сега ќе биде и Калифа Гедбан и плус Сташ Скубе. Со нив двајца сигурно ќе биде поразлично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот