Вардар ги дозна сите ривали во групната фаза на Европската лига

фото: rkvardar.com.mk

Како што е веќе познато, ракометниот клуб Вардар во новата сезона од ЕХФ Европската лига ќе игра во групната фаза, поточно во групата Ф.

Од претходно веќе беше познат еден противник на скопските „црвено-црни“, Порто од Португалија, а во саботаа ги дознаа и останатите два противници кои обезбедија место преку квалификациите.

Германскиот Мелсунген по втор пат го совлада норвешкиот Елверум овој пат со 36:31. На првиот меч Мелсунген славеше со 28:23.

Исландскиот Валур беше поразен со 32:24 на реваншот против Винковци од Хрватска, но успеа да ја одбрани предноста од првиот меч од „плус девет“ (34:25).

Во новата сезона од Европската лига, екипите се поделени во осум групи, а натпреварите ќе се играат од 8 октомври до 26 ноември. Првопласираните две екипи од секоја група ќе обезбеди пласман во разигрувањето.

Според најавите, Вардар во првото коло ќе биде домаќин на Валур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот