Вардар фокусиран на Пик Сегед

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Благоја Георгиевски

Голгетерот на РК Вардар, Даинис Криштопанс е свесен дека и покрај турбулентната недела, тој и неговите колеги ќе направат се да триумфираат над ПИК Сегед во првиот четвртфинален дуел во ракометната ЛШ.

Вардарци веројатно последен пат во овој состав пред домашна публика (утре во „Јане Сандански”, 20 ч.), ќе играат натпревар во ЛШ.

– Ништо не е променето за нас, ќе се бориме до крајот на сезоната. Имаме важни натпревари и сакаме да одиме во Келн на Ф4 – вели Летонецот, објаснувајќи дека најавата на сопственикот Сергеј Самсоненко оти од идната сезона нема да го финансира клубот не влијаела многу на мотивацијата на тимот.

Во осминафиналето македонскиот шампион постигна две убедливи победи над Загреб (27:18, 32:30) и влезе во четвртфиналето шести пат по ред.

– Оваа сезона имаме одличен тим и многу добро се разбираме – вели Криштопанс.

– Никој не очекуваше дека ќе ја поминеме групната фаза и немавме толку голем притисок. Нашиот тренер направи добра работа бидејќи во секој натпревар имаше нови идеи и нови тактики. Реваншот се игра во Унгарија на 5 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот