Вардар е семејство, не е важно дали си маж или жена

На почетокот од сезонава 2018/19, Билјана Црвенковска се најде во фокусот на европската ракометна јавност бидејќи стана првата жена помошник-тренер на машка екипа. Таа стана првата жена која била дел од тренерскиот тим на машка екипа која настапува во ракометната Лига на шампиони.

– Ова е неверојатно чувство, ова постигнување ме прави горда. Ова постигнување е по заслуга на ракометарите – вели Црвенковска која во интервју за официјалниот сајт на ЕХФ ја открива тајната за успехот на Вардар во походот кон втората европска титула.

– Пред почетокот на сезоната, сите мислеа дека Вардар нема да биде силен како во минатото бидејќи 7-8 ракометари го напуштија клубот. Мислам дека поради тоа сите го потценија Вардар, но ние имавме добар тим. Имавме дури седум староседелци, а новите играчи кои пристигнаа одлично се вклопија во системот на игра кој го негува тренерот Парондо. Значи, со „свежата“ крв Вардар стана уште посилен.

За довербата која тренерот Парондо ја има во Црвенковска говори и податокот дека таа на еден натпревар од СЕХА лигата, ја доби можноста да ја води екипата.

– Имав одлична соработка со Роберто Парондо. Бев негова десна рака, а тактиката беше негова заслуга. Јас ги правев анализите на противничките екипи. Играчите ги познавам бидејќи претходно бев и во раководните структури на клубот, имам добра соработка и сите ме прифатија одлично, немаше никави проблеми – додава поранешната македонска репрезентативка.

Според неа, воопшто немаше никаква разлика за ракометарите тоа што имаат жена во тренерскиот тим. Нејзините планови во иднина се поврзани со тренерската професија.
– Тоа не е важно бидејќи Вардар е семејство. Не е важно дали си маж или жена. Нормално е дека во идина се главен тренер доколку добијам шанса. Сакам предизвици и да се биде тренер на екипа која игра во ЛШ секако е предизвик кој го посакувам. Научив многу од Роберто Парондо и тоа искуство ќе ми помогне во иднина. Се надевам дека еден ден ќе бидам главен тренер и на машка екипа – вели Билјана Црвенковска.

Вардар стигна до втората европска круна во Келн, овозможувајќи и Билјана Црвенкоска да испише историја на фајналфор турнирите, како прва жена тренер што го кренала шампионскиот пехар во „Ланксес Арена“. Поранешната македонска репрезентативка е прв асистент на Парондо, на неколку средби во СЕХА дури и ја водеше екипата, па Црвенкоска и самата има значаен придонес во освојувањето на трофејот.

„Чувството е неверојатно, горда сум на овој успех, иако им е јасно дека мојата улога е секундарна. Најзаслужни сепак се ракометарите, немаше да бидеме овде ако тие не ги одиграа своите улоги. Мило ми е што цела Европа ја уверивме дека Вардар уште е силен. Многумина си заминаа, па сите мислеа дека сме далеку од елитата, со потценување гледаа на нас. Сепак, голем дел од играчите останаа, а оние кои дојдоа веднаш се вклопија во системот на Парондо. Така, со свежа крв во тимот, Вардар стана уште посилен“ – истакнува Црвенкоска во интервју за ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот