Вардар е „газда“ во Скопје, „црвено-црните“ подобри од Шкупи

фото: МИА Агенција

Иако се соочуваат со големи финансиски проблеми, „црвено-црните“ на теренот делуваат сосема спротивно и денеска во дербито на петтото коло во првата фудбалска лига со 1:0 го совладаа Шкупи.

Интересно е ова е шеста победа на домашен терен за Вардар во дуелите со Шкупи кој пред ова коло се наоѓаше на делба на лидерската позиција.
Но, Вардар кој во паузата поради репрезентативните настапи промовира дури 11. нови играчи, благодарение на голот на Цветановски во 52. минута ги освои трите бода.

Вардар промовираше цел тим од 11 нови фудбалери! (ФОТО)

Минимален триумф оствари и Работнички на гостувањето кај Ренова, а трите бодови ги обезбеди Петковски со голот во 78. минута.
Екипата на Борец со головите на Силва и на Прелчец во финишот со 2:0 ја  совлада Академија Пандев.

Резултати 5. коло:
Борец – Академија Пандев 2:0
Пелистер – Македонија ЃП 0:0
Ренова – Работнички 0:1
Вардар – Шкупи 1:0.
Беласица – Шкендија 0:3
Струга Трим Лум – Силекс 2:0.

Табела: Шкендија со 11 бода, Силекс 10, Шкупи 10, Работнички 8, Борец 8, Струга 7, Македонија ЃП 7, Вардар 7, Пелистер 6, Ренова 5, Академија Пандев 3, Беласица 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот