Вардар доби добра група

Фото: twitter.com/ehfcl

Извршниот директор на Вардар, Давор Стојановски е задоволен од исходот на ждрепката која се одржа во Виена и на „црвено-црните“ им додели уште двајца учесници од последниот фајнал фор и две екипи кои се поранешни европски шампиони.

Вардар е носител на групата Б во која се уште и финалистот Веспрем, Виве Киелце, Брест Мешков, Монпелје, Мотор, Порто и Кил.

– Ова е многу добра група. Не сакаме да ги потцениме противниците, и  сигурен сум дека ќе имаме тешки натпревари. Се надевам дека ќе завршиме на првото место. Верувам во нашиот тим, знам дека ќе се бориме на секој меч, за секој бод. Нормално е да се има промени во тимот, си заминаа неколку играчи, така беше и минатата година. Мислам дека за две недели ќе го комплетираме нашиот тим и, секако, повторно ќе го нападнеме трофејот – рече Стојановски, веднаш по ждрешката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот