Вардар до нови бодови, Е. Пелистер во вториот дел го скрши отпорот на Голден Арт

Момент од натпреварот Е. Пелистер - Голден Арт во салата „Боро Чурлевски во Битола/фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Ракометарите на Вардар 1961 го остварија и вториот триумф во рамките на македонската Супер Лига, откако во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со 30:21 го надиграа Бутел.

Само на стартот Бутел имаше позитива од 3:2, а потоа следеше серија од четири голови на „црвено-црните“. Оттогаш домаќинот беше константно во предност, на паузата замина со позитива од „плус четири“ (16:12).

Во второто полувреме се зголеми водството на актуелниот шампион, играчите на Владо Недановски имаа и шанса за двоцифрена разлика, на крајот застанаа на „плус девет“. По пет голови за Вардар 1961 постигнаа Чувара, Талески и Ќосевски, а истиот учинок на спротивната страна го имаше и Петрушевски.

По шест бодови во групата „А“ имаат Алкалоид, Вардар и Струга, по три Охрид и Бутел Скопје, а ниту еден Куманово, Прилеп и Вардар Неготино.

Три дена по освојувањето на Суперкупот на Македонија во Охрид, играчите на Еурофарм Пелистер се вратија на терен и запишаа нова победа. Во последниот натпревар од второто коло на групата „Б“ на Суперлигата, во Битола беше совладан Голден Арт со 32:25 (14:14).

Хосни за Е. Пелистер во салата „Боро Чурлевски“ беше најефикасен во со девет голови, а за Голден Арт по пет погодоци имаа Шилегов и Рајатовски. Во групата „Б“ првото место го делат Е. Пелистер и Т. Пролет со по шест бодови, следуваат Тиквеш, Е. Пелистер 2 и Скопје 2020 со по три, по еден бод, Јуниор КВ и Радовиш, а ниту еден Голден Арт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот