Вардар денес ги дознава противниците во ЛШ

Фото: РК ВАРДАР

Актуелниот европски шампион, Вардар е еден од носителите на ждрепката за новата сезона 2019/2020 во најелитното европско клупско натпреварување.

Тимот на Писонеро веќе знаат еден од противниците, а останатите шест во А или Б групата ќе ги дознае по вечерашното извлекување во Виена кое што ќе започне од 18.00 часот.

Сигурен противник на Вардарци ќе биде Монпелје од шестиот барабан, исто така во група може да има само еден преставник од една земја.

Па во иста група нема да бидат Веспрем и Пик Сегед, односно бундеслигашките гиганти Кил и Фленсбург.

Барабан 1: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција).

Барабан 2: Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија).

Барабан 3: Флензбург (Германија), Келце (Полска).

Барабан 4: Мешков Брест (Белорусија), Алборг (Данска).

Барабан 5: Пик Сегед (Унгарија), Мотор Запорожје (Украина).

Барабан 6: ППД Загреб (Хрватска), Монпелје (Франција)

Барабан 7: Елверум (Норвешка), Порто (Португалија).

Барабан 8: Кил (Германија), Целје (Словенија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот