Вардар чекори шампионски, сигурни три бода против Македонија ЃП

фото: fkvardar.mk

„Црвено-црните“ се погрижија за прва победа сезонава над „лавовите“ од Ѓорче Петров и зацврстување на првата позиција на табелата во шампионатот.

Вардар пролетниот дел од шампионатот го отвори со сигурна победа откако попладнево беше подобар на домашен терен од Македонија ЃП со резултат 3:1 (1:0).

Вардарци доминираа, по првиот дел водеа со голот на Жуниор, а во вториот одиграа уште подобро и со погодоците на Ибиши и Цветаноски донесоа нови три бода и зацврстување на првата позиција.

Во 37. минута преку Цветаноски, крилниот играч преку левата страна асистираше до Жуниор на кој не му беше тешко да погоди од пет метри за предност.

Потоа, на стартот од вториот дел Брдаровски (2:0) убаво го пронајде го пронајде Ибиши кој се погрижи за зголемување на позитивата.

Одличната партија на овој меч со гол ја круниса Цветаноски кој од 10 метри биеше ниско по земја за сигурни 3:0.

„Лавовите“ од Ѓорче Петров успеаја само да го ублажат поразот, односно со супер удар и погодок, Карваљо во 67. минута го постави конечниот епилог.

На табелата Вардар сигурен на првото место со 39 бодови, а Македонија ЃП на петтата позиција со 26.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот