Вардар без шанси против Киелце

epa08842354 Lomza Vive Kielce's Artsem Karalek (L) and HC Vardar 1961's Timur Dibirov (R) in action during the EHF Champions League group A handball match between Lomza Vive Kielce and HC Vardar 1961 in Kielce, Poland, 25 November 2020. EPA-EFE/Piotr Polak POLAND OUT

Ракометарите на Вардар во рок од шест дена два пати загубија од Киелце во Лигата на шампионите.

За разлика од минатонеделниот натпревар во Скопје кога вардарци одиграа далеку подобро, овој пат во Полска немаа никакви шанси да се реваншираат и на крајот загубија со 36:29.

Вардар добро го започна натпреварот и успеа да поведе со 5:2 но одговорот од Киелце дојде експресно со мини серија од 3:0 со која се врати резултатската неизвесност.

Киелце – Вардар: Стојанче Стоилов/EPA-EFE/Piotr Polak

Потоа се играше гол за гол се до финишот од првиот дел кога ракометарите на Киелце со серија од 5:0 дојдоа до предност од 15:10. Во второто полувреме, домашните ракометари умешно ја одржуваа предноста, ги казнуваа сите грешки на вардарци, па така во воведните минути дојдоа и до 21:14. Вардарци со обидоа да се вратат, ја намалија негативата на минуси четири (24:20 и 26:22) но немаа сили, односно противникот не им дозволи да внесат неизвесност во финишот и рутински ја забележа шестата победа во осмиот натпревар.

Киелце – Вардар: Кристијан Дисингер/EPA-EFE/Piotr Polak

Најпрецизен во редовите на Вардар беше Тимур Дибиров со седум гола, шест гола постигна Ловро Јотиќ, а по четири дадоа Стоилов, Дисингер и Чупиќ, додека кај Киелце исто како и на првиот натпревар блескаше Алекс Душебаев со седум гола.

По овој пораз Вардар е шести на табелата со три бода но од пет натпревари, додека Киелце е лидер со 13 бода.
Наредниот предизвик за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите ќе биде гостувањето кај Никола Митревски и Порто наредната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот