Вардар без Ристовски и без Гаџа на мегдан против Кил

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар вечерва (20.45 часот) му гостува на Кил во рамки на деветтото коло од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ се наоѓаат во серија од пет порази по ред во Лигата на шампионите, а за вечерашниот натпревар, тренерот Веселин Вујовиќ нема да може да смета на голманот Борко Ристовски кој се уште не е опоравен од повредата како и средниот бек, Анте Гаџа кој има вироза. На нивното место, во тимот се Али Сафар како и Јоел Куни Моралес кој го пропушти последниот натпревар за Вардар во ЛШ.

– Нè очекуваат три многу важни натпревари, првиот е во Кил каде што секако не сме фаворити, ниту една екипа во Европа не е фаворит во Кил. Би било многу важно за нас да одиграме еден добар натпревар, бидејќи тоа би било значајна мотивација за мечот во Загреб (8 декември) и дуелот во Битола против Еурофарм Пелистер (18 декември). Што се однесува до составот, имаме проблем, Гаџа доби вироза и единствениот среден бек, класичен кој го имаме, нема да патува со нас, тоа ми прави многу проблеми. Се враќа Куни Моралес, иако не е 100% подготвен, но сепак да биде во контакт со самиот амбиент, за да не направи преголема пауза – вели тренерот Вујовиќ.

Првиот меѓусебен натпревар сезонава кој се играше во Скопје заврши со триумф на германскиот тим од 26:20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот