Вардар без пола тим и без многу мака му даде 44 гола на Мотор

фото: seha-liga.com/

Вардар продолжува во победнички ритам во СЕХА лигата и вечерва дојде до шестата победа, а петта во низа во СЕХА лигата. Вардарци со 44:37 го совладаа Мотор, тимот од кого го доживеаја единствениот пораз досега во ова натпреварување (31:32 во второто коло).

И двете екипи на оваа средба настапија без неколку стандардни ракометари, кај гостите од Украина недостасуваа десетина првотимци, додека тенерот на Вардар, Едуард Кокшаров одлучи да ги одмора Криштопанс, Атман, Горбок, Дисингер…

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете екипи, најголемото водство кое Мотор го имаше беше два гола (15:17), додека Вардар во неколку наврати исто така имаше два гола предност, но на одмор се замина со минимално водство од 20:19.

Во второто полувреме, Вардар за девет минути дојде до предност од пет голови (28:23) и до крајот рутински го одржуваше водството. Тимур Дибиров беше најефикасен во Вардар со 11 постигнати гола, Иван Чупиќ даде девет гола без промашување, додека Данил Шишкарев седум пати ја тресеше мрежата на противникот.

Со новата победа Вардар е прв на табелата во групата А со 18 бодови, додека Мотор е на второто место со три бода помалку. Во наредното осмо коло, Вардар на 15 декември му гостува на Нексе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот