Вардар бара одмазда за два „сомнителни“ порази од Шкендија

Екипата на Вардар денеска (16 ч.) во рамките на 28. Коло од Првата фудбалска лига да дојде до првата победа над лидерот на табелата, Шкендија. Дерби дуелот се игра на стадионот Борис Трајковски во Маџари, а вардарци во досегашните три пресметки со тетовскиот тим имаат два порази (0:1, 0:2) и едно реми (2:2).

Посебно се болни поразите поради судиски грешки. На првиот дуел судиите признаа „фантомски “ гол за Шкендија иако на снимките не се гледа голот, додека во вториот дуел не му беше признаен чист погодок на Вардар иако топката ја мина гол линијата.

– Ова е последен дерби натпревар за оваа сезона, ние сакаме да ја оствариме првата победа и мислиме на тоа. Мотивирани сме да дадеме се од себе за да победиме на овој меч. Нема да се навраќаме на она што се случуваше во изминатите два меѓусебни натпревари, туку ќе мислиме само на овој натпревар – вели Александар Васоски тренерот на Вардар.

Шкендија во натпреварот влегува како лидер на табелата со 62 бода, дури 12 повеќе од Вардар кој е второпласиран.

Ништо помала неизвесност се очекува и во Тетово, каде Ренова го пречекува Работнички во битката за четвртото место кое може да донесе пласман во Лигата на Европа. И двете екипи имаат по 36 бодови па желбата за поволен резултат е присутна и во двата тима.

Третопласираната Академија Пандев и гостува на Македонија ЃП, додека во битката за опстанок се среќаваат Шкупи и Силекс, и победникот од овој дуел ќе си ги зголеми шансите за следната сезона повторно да биде дел од првата лига.

Двојки за 28 коло (16 ч.):
Вардар – Шкендија
Ренова – Работнички
Беласица – Победа
Шкупи – Силекс
Македонија – ЃП

Табела:
1. Шкендија 62
2. Вардар 50
3. Академија Пандев 46
4. Ренова 36
5. Работнички 36
6. Македонија ЃП 34
7. Шкупи 33
8. Силекс 28
9. Беласица 23
10. Победа 19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот