Вардар 1961 убедливо загуби во Нови Сад и го избегна Веспрем

Фото: Seha league/sehaphoto

РК Вардар 1961 го одигра последното коло во групната фаза од регионалната СЕХА лига. Избраниците на Стевче Алушовски денеска гостуваа во Нови Сад (Србија), кај екипата на РК Војводина и беа поразени со 33:24 (16:10).

Вардар отвори со гол на Калараш, домаќинот врати и изедначи на 1:1. Двата тима беа постојано резултатски блиску до 16 минута кога со погодокот на Дибиров поведе македонскиот состав со 8:9. Следеа минути на домаќинот до одморот тие беа во налет и погодија осум пати во мрежата на Кантегрел, Вардарци вратија со само еден гол преку Калараш. На одмор Вардар 1961 замина со негатива од шест погодоци, на семафорот беше 16:10 за домаќинот на оваа средба.

Преку Томиќ во 32 минута прв пат Војдовина поведе и со осум гола (18:10). Шестмината кадети кои беа во составот на „црвено-црните“ денес почнаа да добиваат шанса и да ги постигнуваат своите дебитански голови на овој дуел.

На седум минути до крајот повторно српскиот тим отиде на „плус осум“ (30:22) преку Миленковиќ.

Кај гостите први стрелци беа руските интернационалци Дибиров со девет и Калараш со седум погодоци. Така, после овој пораз „црвено-црните“ го избегнаа Веспрем, а во осминафиналето од натпреварувањето ќе се соочат со Металопластика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот