Вардар 1961 рутински до бодови на дуелот со Тиквеш

Ракометарите на Варадр 1961 ја забележаа деветтата победа во домашната Супер лига/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардарци остануваат на првата позиција на табелата во машката Супер лига откако во 10 коло на домашен терен го победи Тиквеш со 34:27 (18:13). „Црвено-црните” повторно играа со комбиниран состав во кој ги немаше Ристовски, Дијало, Моралес, Чувара, Валчак, Георгиевски, Гаџа и Сафар.

Од почетокот на средбата Вардар постепено успеваше да дојде до контрола на натпреварот. Имаше игра со која го зголемуваше водството, иако Тиквеш не се предаде, па во еден момент намали на 11:10. Тоа беше последно предупредување за Вардар, па од тој момент набрзина постигнаа пет голови, а и поведоа со 16:11.

Дибиров беше лидерот во нападот кој го полнеше голот на Тиквеш. Имаше 10 гола во првото полувреме во кое Вардар беше во предност со 18:13.

Предноста од пет погодоци во првиот дел само беше зголемена во вторите 30 минути. Брзо се зголеми предноста на 23:15, па потоа почнаа и ротациите во составот. Поголема шанса добија Карапалевски, Савревски, Крстевски, Гогов, Мишевски и Ќосевски.

Без поголем проблем се дојде до разлика кој гарантираше нова победа за шампионот. Кавадарчани, пак, во завршницата искористија шанса за да намалат, па на крајот беше 34:27 за Вардар. Дибиров во победничките редови доминираше со 11 погодоци, а на спротивната страна по шест реализираа Евгениј Темелкоски и Стахиња Симиќ.

Во другите средби: Охрид – Прилеп 33:21, Радовиш – Е. Пелистер 2 24:29, Скопје 2020 – Струга 29:32 и Бутел Скопје – Металург 21:19.

Табела: Вардар 1961 27 бодови, Е. Пелистер 24, Е. Пелистер 2 22, Бутел Скопје 21, Т. Пролет 21, Охрид 15, Тиквеш 15, Прилеп 12, Металург 9, Струга 7, Радовиш 3, Скопје 2020 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот