Вардар 1961 победнички ја заврши годината во домашната Суперлига

рк вардар
Вардарци продолжуваат успешно во трката за шампионската титула/ фото: Слободен печат - Драган Митрески

Играчите на Вардар 1961 на последниот натпревар за оваа година ја оправдаа фаворитската улога денеска против Бутел со резултат 36:21 (18:5) во рамките од 16 коло во домашната Суперлига.

Тоа е вкупно 14 триумф сезонава за скопските „црвено-црни“ и освоени 43 бодови, три повеќе од второпласираниот Е. Пелистер кој својот меч ќе го има денеска против Радовиш.

Бутелчани беа рамноправни од почетокот на средбата против шампионот, до 12 минута од средбата неколку пати имаа и предност од два голови разлика. При водство од 6:4, Вардарци направија серија од 3:0. Ѓукиќ со два последователни голови во контра напад, донесе прва предност за Вардар од 7:6 во 13 минута.
Следуваше поцврста одбрана на Вардар, неговиот противник влегуваше почесто во грешки и тоа го казнуваше првакот за зголемување на позитивата на 15:10, а највисоката предност во првото полувреме изнесуваше 18:12.

Во вториот дел составот на Вардар константно беше во предност, по 40 минути игра на семафорот стоеше 23:17 во 40 минута. Фаворитот на овој меч постигна уште три гола во серија и веќе беше познато кој ќе ги освои бодовите.

Во победничките редови Карапалевски, Ѓукиќ и Дибиров постигнаа по пет гола, а на спротивната страна Тот запиша осум погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот