Вардар 1961 ќе учествува на меѓународниот турнир „Хумел Куп“ во Германија

Тимур Дибиров/ фото: Слободен печат/Драган Митрески

Најавениот „Хумел Куп“ на кој ќе настапи Вардар 1961 ќе се одржи на 21 и 22 август во Магдебург, Германија. Покрај „црвено-црните“ на турнирот ќе учествуваат уште екипите на Магдебург (Германија), Горење (Словенија) и на Хослтебро (Данска).

На 21 август ќе се играат полуфиналните натпревари, а следниот ден, на 22 август ќе се играат мечевите за пласман. Дополнително ќе биде решено кои ќе бидат полуфиналните двојки.

Планирано е составот на Весели Вујовиќ во текот на подготовките да настапи на два турнири, споменатиот во Германија и плус на турнирот во Струга.

Останува можноста да се договорат и други контролни средби со тимови со кои ќе тестира Вардар 1961 пред четвртфиналните дуели од СЕХА лигата.

Како што е веќе познато подготовките за новата сезона ќе започнат на 15 јули во Скопје. Тука ќе се остане неколку денови по што се заминува на подготовки на Златибор, од 19 до 29 јули. Потоа екипата се враќа во Скопје и продолжува со подготовките.

ЕХФ: Вардар 1961 директно во групите на Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот