Вардар 1961 има уште еден меч до крајот на годината во ЛШ!

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Одложениот натпревар од третото коло во групната фаза во Лигата на шампионите Вардар 1961 против ПИК Сегед ќе го игра на гостински терен во Унгарија на 22 декември 2020 година.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) заедно со клубовите го договори терминот за одигрување на средбата што првично беше одложена поради карантинот на домашната екипа.

Овојпат средбата е закажана во вториот вечерен термин, од 20.45 часот.

Деновиве и ракометарите на Вардар 1961 би требало да почнат со редовно тренирање откако ќе заврши задолжителниот карантин и ќе бидат извршени потребните тестирања.

Двете екипи имаат одиграно по пет натпревари од групната фаза. „Црвено-црните“ имаат еден бод повеќе од унгарскиот тим, кој освои само два бода досега во групната фаза од ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот