Вардар 1961 двата меча со Елверум ќе ги игра во Скопје!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска ракометниот клуб Вардар 1961 објави дека двата натпревари од Лигата на шампионите против Елверум од Норвешка ќе ги игра во Скопје во СЦ „Јане Сандански“.

Првиот меч е закажан за 21 февруари во 16.00 часот, додека вториот кој првично требаше да се игра на теренот на противникот, ќе се игра исто така во нашиот главен град на 24 февруари во почеток од 18.45 часот.

Потсетување дека пред два дена „црвено-црните“ имаа дуел во ЛШ и загубија од унгарскиот Пик Сегед со 28:26, иако имаше предност после првото полувреме (15:13).

Моментно на табелата во групата „А“ води Кјелце со 15 бодови, колку што има и Флензбург на втората позиција, следуваат Мешков Брест (11), ПСЖ (осум), Пик Сегед (осум), Порто (осум), Елверум (четири) и последен е Вардар 1961 (три).

Претходно составот на Стевче Алушовски го дозна и ривалот во Купот на Македонија, Вардар кој 13 пати беше досега победникот во ова натпреварување, во елиминациската фаза ќе игра против Текстилец од Штип.

Куп: Вардар 1961 го доби Текстилец, а Металург се соочува со МРК Куманово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот