Вардар 1961 без Дарко Ѓукиќ до крајот на сезоната

Дарко Ѓукиќ, српското десно крило на РК Вардар 1961/фото: EPA-EFE/Tamas Vasvari

РК Вардар 1961 настапи во победата над РК Алкалоид во македонскиот шампионат без српското десно крило Дарко Ѓукиќ, како и без пивотменот Стефан Атанасовски.

Од клубот нема официјална информација колку е сериозна повредата на Ѓукиќ и колку тој би паузирал.

Според „Планет Хандбал“, за 27-годишниот Србин веќе е завршена натпреварувачката сезона 2022/2023.

Играчот има скршени лигаменти на коленото и ќе биде надвор од терените најмалку осум месеци, а се здоби со повреда на натпреварот од првенството против РК Прилеп.

Ѓукиќ ќе го пропушти претстојното Светско првенство во 2023 година кое ќе се одржи во Полска и Шведска. Во својата клупска кариера беше дел и од РК Металург, Бешикташ, Келце, Мешков Брест и Спортинг Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот