Варан: Виновен сум, жалам

EPA-EFE/Oli Scarff

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан со двата кикса му овозможи на Манчестер сити да постигне два гола во триумфот од 2:1 во реваншот од осминафинаето од Лигата на шампионите и го закопа својот тим.
Очекувано, по такво лошо издание, Варан беше разочаран.

– Овој пораз е мој. Јас сум виновен. Јас… Ние греше… Не, се извинувам, јас грешев и испаднавме. Жалам поради соиграчите. Вакви работи не ми се случувале во кариерата – изјави Варан.

Манчестер сити со елиминацијата на Реал Мадрид обезбеди пласман на завршниот турнир во ЛШ кој ќе се игра во Лисабон, а прв предизвик ќе им биде четвртфиналната пресметка против Олимпик Лион кој приреди големо изненадување со елиминацијата на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот