Варадкар: Можен трговски договор со Велика Британија до крајот на следната година

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Можно е да се преговара за нов договор за слободна трговија меѓу Велика Британија и Европската унија до крајот на следната година, доколку тоа значително не отстапува од важечките услови, изјави денеска ирскиот премиер Лео Варадкар.

– Што се однесува до преговорите за трговски договор пред декември 2020 година, мислам дека ќе биде тешко, но не и невозможно ако Велика Британија го ратификува повлечениот договор со ЕУ до 31 јануари, рече Варадкар во Даблин.

Тој рече дека „што повеќе наликува на статус кво, толку побрзо ќе биде”.

Ирскиот премиер додаде дека ратификувањето од страна на 27 земји-членки на ЕУ нема да биде можно до крајот на 2020 година, односно до планираниот крај на предложената фаза на транзиција за излез на Велика Британија од ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот