ВАР во Премиер лигата: Головите повеќе нема да се поништуваат поради милиметри

Фото: EPA-EFE/John Sibley/POOL

Употребата на ВАР технологијата во англиската Премиерлига ќе биде со подобар квалитет отколку минатата сезона, кога головите во Премиер лигата беа поништени поради милиметарски офсајди.

Навивачите и сите љубители на најважната споредна работа во светот беа незадоволни поради таквите бизарни ситуации, но се најавува се дека повеќе нема да има проблеми со ВАР.

Шефот на судиската организација Мајк Рајли рече дека головите повеќе нема да бидат откажани поради милиметар, и дека линиите повлечени кон позицијата на напаѓачите и дефанзивците ќе бидат подебели.

– Тоа значи дека ВАР повеќе нема да откажува голови поради бизарни офсајди. Така, на напаѓачите ќе им се даде предност. Нема да има повеќе поништени голови бидејќи играчот бил неколку милиметри пред одбраната – рече Рајли.

Новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата ќе стартува на 13 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот