Реал Мадрид со минималната победа на гостувањето кај Атлетик Билвао направи голем исчекор кон освојување на титулата, но цела Шпанија е на нозе поради сомнителните судиски одлуки.
Серхио Рамос беше реализатор на пеналот за Реал Мадрид во 73. минута откако еден од дефанзивците на домашниот тим во шеснаесетникот го згази Марсело. ВАР собата одлучи дека тоа е прекршок и „кралевите“ добија пенал.
Но само неколку минути подоцна, речиси идентична ситуација, но во казнениот простор на Реал Мадирд, но овој пат судијата Хосе Луис Гонзалес остана тивок и не реагираше.
Исто така немаше реакција од ВАР собата иако на снимката се гледа дека Рамос го згази играчот на Атлетик Билбао, а потегон на Рамос погледнете го ТУКА.