ВАР технологијата му ја зеде победата на Сити (ВИДЕО)

Манчестер сити и Тотенхем одиграа без победник во дерби натпреварот од второто коло на Премиер лигата. Пресметката помеѓу Сити и Тотенхем заврши 2:2, но резултатот можеше да биде поинаков доколку не се вмеша ВАР технологијата и го поништи голот на Габриел Жезус постигнат во судиското продолжение поради играње со рака на Аимерик Лапорт.

Интересно е што речиси идентична ситуација имаше и во ланското полуфинале во Лигата на шампионите, кога голот на Рахим Стерлинг исто така во судиското продолжение беше поништен поради ВАР технологијата и Тотенхем обезбеди пласман во финалето.

Манчестер сити доминираше во текот на целиот натрпевар, упати дури 30 удари од кои 10 завршија во рамките на голот, но Тотенхем од двата шута постигна два гола.
Со ова реми, Манчестер сити ја прекина серијата од дури 15 победи во серија, вклучувајќи ја и минатата сезона.

Голеадата на „Етихад“ ја отвори Рахим Стерлинг во 20 минута, но три минути подоцна Ерик Ламела донесе израмнување. Серхио Агуеро повторно ги донесе „граѓаните“ во водство но во 56. минута Лукас Моура го постави конечниот резултат.

За разлика од Сити, екипата на Ливерпул со 1:2 славеше на гостувањето кај Саутемптон. Како по обичај, головите беа дело на дел од супер триото на Ливерпул, Садио Мане и Роберто Фирмињо. Во финишот на натпреварот, Дени Ингс само го намали резултатот, а Саутемптон немаше сили за уште еден гол.

Резултати:
Арсенал – Барнли 2:1
Астон ВИла 0 Борнмут 1:2
Брајтон – Вест Хем 1:1
Евертон – Ватфорд 1:0
Норвич – Њукасл 3:1
Саутемптон – Ливерпул 1:2
Манчестер сити – Тотенхем 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот